Инфлацијата во ЕУ највисока во последните две години

Годишната инфлација во Европската унија во април достигна највисоко ниво во последните две и пол години, покажуваат податоците на Eurostat.

На ниво на ЕУ, годишната инфлација, мерена преку хармонизираниот индекс на потрошувачки цени, во април беше за 0,3 процентни поени повисока одошто во март и изнесуваше 2%. Тоа е највисоко ниво од ноември 2018 година.

Во април минатата година, инфлацијата во ЕУ беше 0,7%.

Во еврозоната инфлацијата е зголемена за 0,3 процентни поени во споредба со март, што највисоко ниво од април 2019 година.

Најголем придонес за годишната стапка на инфлација во еврозоната има енергетскиот сектор, од скоро еден процентен поен. Во април цените на енергентите пораснаа за 10,4% во однос на истиот месец лани.

Фото: Pexels