Цените на нафтата се “лизнаа“ под 66 долари

78

Цените на нафтата на меѓународните пазари се намалија под 66 долари откако дипломати објавија дека е постигнат напредок во преговорите за укинување на санкциите на Иран, што би можело да ја зголеми доставата на нафтените пазари.

На лондонскиот пазар, цената на барел се намали за 81 цент и изнесуваше 65.85 долари, додека на американскиот пазар барел нафта поевтини за 77 центи, позиционирајќи го на 62,59 долари.

Високи дипломати од Велика Британија, Франција и Германија предупредија дека успехот на преговори не е загарантиран и покрај напредокот и контурите на договорот.

Фото: Pexels