Производителот на електрични автомобили Tеsla го почнува производството на Model S Plaid на трети јуни.
Како што објави шефот на компанијата, Илон Маск, на својот Тwitter профил, ова ќе биде најбрзиот автомобил во масовно производство во светот.
Model S Plaid ќе се произведува во фабриката во Калифорнија, САД. Електромобилот, според наводите, постигнува брзина од 97 км/чac за помалку од две секунди.
Електричниот седан е ажурирана верзија на Model S. Во првото тримесечје од оваа година не беше произведен ниту еден автомобил од овој модел, а во третото од 2020 година компанијата произведе 15.275 возила.