Германската економија би можела да закрепне од пандемијата веќе оваа есен доколку забрза процесот на вакцинирање и намалување на ограничувањата, објави централната банка на земјата.
Бруто домашниот производ на Германија најверојатно значително ќе порасне ова тримесечје, поттикнато од индустриското производство и градежниот сектор.
Од централната банка на Германија велат дека ако забрза кампањата за вакцинирање, постои можност за ублажување на ограничувањата во следниот период. Во тој случај БДП би можел да порасне во третото тримесечје и на есен да го надмине нивото од пред кризата.
Се прогнозира дека инфлацијата во Германија во втората половина накратко би можело да достигне 4%.
Фото: Pexels











