Disney затвора 15 продавници во Италија и остава 230 лица без работа

Сите продавници на американската компанија Disney во Италија се затвораат, а без работа остануваат сите вработени.

Веста за затворање на 15 продавници во Италија е објавена откако компанијата прогласила банкрот.

Синдикатите оценуваат дека станува збор за тешка повреда на работничките права на вработените, бидејќи компанијата за 230-те работници не понуди никаква програма за помош или преквалификација.

“По една година од пандемија, економска криза, наизменична работа од далечина и принуден одмор, една толку важна компанија што е присутна во сите историски центри, ги затвора продавниците и остава 230 семејства во целосна неизвесност“, велат претставници на повеќе синдикати во заедничко соопштение.

За наредната недела е најавен состанок на сите вработени и протести поради одлуката на компанијата.

Фото: Facebook