Американскиот технолошки гигант Google ова лето ја отвора првата физичка продавница во Њујорк.
На купувачите ќе им понуди опрема и услуги, јавуваат светските медиуми.
Новата продавница ќе биде дел од кампусот на Google во квартот Челзи. Како што е најавено, производи како што Pixel телефони, Nest производи и Fitbit уреди ќе им бидат достапни на купувачите. Исто така, ќе може да се порачаат производи преку интернет и да се подигнат во новата продавница.
Google и претходно експериментираше со помали pop up продавници каде што нуди свои производи.
Најавувајќи го отворањето на продавницата, Google напиша дека искуството на купување ќе се разликува од она на што навикнале купувачите поради пандемијата. За да го зачуваат здравјето и безбедноста на потрошувачите и вработените, заштитните маски, средствата за дезинфекција и држење растојание ќе бидат задолжителни во објектот.
Фото: Pexels