Отворање на угостителството и хотелите го намали бројот на невработени

Големото попуштање на епидемиолошките мерки што од 19-ти мај во Австрија овозможија повторно отворање на кафулињата, рестораните и хотелите што придонесе за намалување на бројот невработени.

Од првиот ден на отворањето, 17.000 готвачи, рецепционери, но и вработени во култура и спорт повторно добиле работа.

Вкупно 135.000 лица се вратиле од скратено на полно работно време. Првпат во последната година бројот на лица без работа е помал од 400.000.

“Може да се очекува овој позитивен тренд да продолжи во наредните недели и месеци, како и на работа да се вратат повеќе од 150.000 лица“, рекол Мартин Кохер, министер за труд на Австрија.

Фото: Pexels