Пет загрепски факултети организираат студии по дизајн и развој на видео игри

42

Пет загрепски факултети се здружија за подготовка на првите јавни студии по дизајн и развој на видео игри, пренесуваат хрватските медиуми.

Дипломските студии ќе бидат наменети за сите студенти со завршени основни студии, без оглед на тоа дали доаѓаат од економски, филозофски, уметнички, технички или други студии.

За редовните студенти, студиите ќе бидат бесплатни, а ќе се изведуваат на Академијата за драмски уметности. Студиите ќе се развиваат преку проектот Edu4Games, којшто вклучува и програма за доживотно учење од ова подрачје.

На студентите ќе им бидат понудени четири насоки: дизајнер на видео игри, визуелен уметник на видео игри, програмер на видео игри и продуцент на видео игри. Дел од игрите ќе бидат заеднички за сите студенти, како што се историја, теорија и анализа на игри или основа на дизајн и развој на видео игри, додека другите ќе бидат креирани по насоките.

Во план е на почетокот да бидат запишани од 20 до 30 студенти.

Фото: Pexels