Г7 или група на седумте најголеми економии се близу до постигнување договор за корпоративно оданочување на мултинационалните компании, со што, како што се оценува, се отвора патот за постигнување глобален договор за таа тема.
Откако САД прифатија минимална стапка од најмалку 15%, Франција, Германија и Италија соопштија дека новиот предлог за постигнување меѓународен договор ќе биде постигнат во јули, пренесува Financial Times.
Договорот на Г7 би можел да биде постигнат веќе во петок откако во последните денови беше постигнат напредок меѓу највисоките претставници.
Скоро 140 земји ова лето сакаат да постигнат договор за промена на правилата за оданочување на мултинационални и големи технолошки компании, како што се Alphabet и Facebook.
Фото: Pexels











