Emirates со предупредување до Boeing

45

Директорот на авиокомпанијата Emirates, Тим Кларк го предупреди американскиот производител на авиони, Boeing дека ќе ја одбие испораката на млазни авиони 777 ако не ги исполни договорните обврски околу техничките карактеристики.

Кларк рекол дека досега не добил никакви детали околу техничките спецификации на млазни мотори, иако тестните летови започнаа минатата година.

Влијателен ветеран од таа индустрија е загрижен, сметајќи дека Boeing до пред некое време премногу ветуваше за технички карактеристики на новите млазни авиони.

“Нема да прифатиме авион ако не исполни 100% од договореното. Во случај да не го даде она што е договорено, нема да ги прифатиме тие авиони“, рекол тој.

Emirates е еден од најголемите светски авиокомпании што имаат линии на голема далечина. Има флота од околу 140 Boeing 777-300s и 115 Airbus А380. Oд Boeing порача 125 млазни авиони 777x и 30 модели 787 во вредност од 50 милијарди долари.

Фото: Pexels