Развојот на летечки автомобили се приближува кон нивна комерцијална употреба, а Јапонија веќе работи на нова законска рамка со којашто ќе се овозможи присуство на патници во возила што ќе слетуваат и полетуваат на Светскиот саем во Осака во 2025 година, информира Nikkei Asia Review.
Јапонската влада очекува летечките автомобили да го заземат воздушниот простор над урбаните подрачја до следната деценија. Саемот во Осака сакаат да го искористат за промоција на врвна технологија и да почнат да го трасираат патот кон нивно усовршување.
Летечките автомобили би можеле да полетаат и да слетаат без посебна писта, што ги прави соодветно превозно средство за оддалечени места.
Фото: Pixabay