Група израелски приватни инвеститори вложуваат шест милиони евра во производство на индустриски и медицински канабис, којшто ќе се извезува во Европа и Израел.
Производството ќе биде во приморската област Епаномија, во близина на Солун.
Првата фаза од инвестицијата, во вредност од милион евра, веќе е започната и се однесува на одгледување на индустриски канабис на површина од 40.000 метри квадратни, вклучувајќи и простор за сушење и складирање, при што првата берба се очекува во октомври и ноември оваа година, пренесуваат грчките медиуми.
Во втората фаза од проектот, што би требало да почне на почетокот на следната година, планирано е вложување од пет милиони евра во формирање на преработувачки единици на медицински канабис.
Оваа инвестиција ќе овозможи постојана работа за околу 40 лица, со дополнителни сезонски вработувања, особено во текот на бербата.
Фото: Pexels











