Над 3.000 компании во БиХ немаат ниту еден вработен

Над 3.000 деловни субјекти во Федерацијата Босна и Херцеговина во финансиските извештаи немаат вработени, покажува информација од Финансиско – информатичка агенција.

Според тамошните медиуми, агенцијата направила анализа за тоа како пандемијата влијаела врз работата на деловните субјекти во БиХ, користејќи податоци од Регистарот на финансиски извештаи за 2019 и 2020 година.

Во БиХ на крајот на минатата година имало вкупно 23.244 деловни субјекти, за 584 помалку одошто во 2019 година. Според анализата, бројот на вработени во компаниите е намален за 16.704 работници (4,57%) во однос на една година претходно.

Финансиски извештаи во деловната 2020 година, доставиле 34.744 обврзници, а 3.049 деловни субјекти во своите извештаи презентирале нула вработени.

Фото: Pexels