Дали индискиот вид на коронавирус ќе влијае на летната сезона?

Извршниот директор на британската нискобуџетна компанија, easyJet, Јохан Лундгрен не очекува претстојната летна сезона во Европа да биде уништена со ширење на индискиот вид на коронавирус.

“Мислам дека не постојат такви изгледи ниту веројатно дека поради индискиот вид летово би можело да пропадне“, изјави тој.

Најновите податоци покажуваат дека вакцините се покажале како ефикасни против индискиот вид на коронавирус.

Фото: Pexels