Xiaomi има 12 милијарди долари приходи за три месеци

43

Кинески производител на паметни телефони, Xiaomi информираше дека приходите во првото тримесечје од оваа година му се зголемија за 55% во однос на истиот период лани, поттикнати од силната испорака на паметни телефони.

Во првите три месеци од оваа година, приходите на Xiaomi достигнаа 12 милијарди долари. Приходите од продажба на паметни телефони во првиот квартал пораснаа за 69,8% во споредба со истиот период лани, а приходите од интернет услуги се зголемија за 11,4%.

Уделот на Xiaomi на пазарот на паметни телефони во Кина, во првиот квартал од оваа година, е зголемен за 75% во однос на истиот период лани, според податоците на агенцијата Canalys, бидејќи Huawei се повлече од тој пазар по трговските санкции на САД што им ги ограничи можностите за набавка на клучни компоненти за нивните паметни телефони.

Xiaomi и другите брендови и понатаму се погодени од недостиг на чипови, јавува Ројтерс.

Во првите три месеци од оваа година, Xiaomi објави дека официјално ќе започне со производство на електрични автомобили, а новиот сегмент би требало да го води, основачот на брендот, Леј Јун.

Фото: Pexels