НЛБ може да преземе уште некоја банка во регионот

59

Претседателот на НЛБ групацијата, Блаж Бродњак за српски Танјуг изјави дека банката има можност и потенцијал за преземање на уште некоја банка во регионот, но дека за тоа е уште рано, како и тоа дека за НЛБ во овој момент најважно е да ја заврши интеграцијата на со Комерцијална банка во Србија.

Бродњак одговорил на прашањето дали НЛБ има планови за преземање на некои банки во регионот, но додал дека размислува за влез во Албанија.

“Засега работиме на интеграција на две банки (Комерцијална и НЛБ Белград) во Србија, сметаме дека тоа ќе биде завршено до крајот на април следната година. Во меѓувреме веќе размислуваме за потенцијален влез во Албанија, бидејќи на тој начин ќе биде единствена банка што е присутна на сите шест пазари на Западен Балкан и на заедничкиот пат кон Европа“, наведува Бродњак.

На тој начин НЛБ групацијата би можела да биде единствена што ќе ги покрие и поддржи финансиските и трговските текови во целиот регион.

НЛБ останува на прогнозата дека Комерцијална банка кога ќе биде интегрирана со НЛБ во Србија од 2024 година ќе прави профит од 100 милиони евра.