Nissan ќе гради фабрика за батерии за електрични возила во Велика Британија

59

Јапонскиот автомобилски гигант Nissan Motor е во напредна фаза од преговори за изградба на голема фабрика за батерии за електрични возила во Велика Британија.

Иако компанијата не ги потврдила тврдењата, според Financial Times, ја нагласува клучната улога на производството на електрични возила во британскиот град Сандерленд.

Nissan ја одбрал Велика Британија како главен производен центар за батерии надвор од Јапонија.

Британската влада објави дека е посветена на давање можности за изградба на нови фабрики за батерии, одбивајќи да дава дополнителен коментар, пишува ВВС.

Фабриката, за којшто Financial Times пишува дека ќе се гради во постоечкиот комплекс на јапонскиот гигант во Сандерленд, ќе има годишен капацитет од 200.000 батерии и ќе отвори 1.000 работни места.

Се очекува продажбата на електрични автомобили на британскиот пазар да доживее вистински бум во следните неколку години, бидејќи властите се обврзаа да забранат трговија со нови конвенционални возила до 2030 година.

Фото: Pexels