Невозможно е некој поединечен субјект да го убие биткоин и блокчејн технологијата врз која се заснова, па затоа владите и регулаторите треба да прифатат блокчејн технологија и криптовалути, рече Чангпенг Зао, извршен директор на Binance.
“Не мислам дека некој може да го уништи сега, со оглед на тоа што оваа технологија, овој концепт е во умовите на 500 милиони луѓе“, рече Зао во интервју прикажано за време на виртуелната конференција CoinDesk Consensus 2021.
Борбата со биткоинот и другите криптовалути сега би била слична на одбивањето да се прифати бизнис моделот на Аmazon кога гигантот за е-трговија за првпат започна во раните 90-тите. Според Зао, крипто валутите не се тука за да ги убијат традиционалните финансии или фиат валутите поддржани од владата, туку за да обезбедат поголема слобода на пари.
Криптовалутата е само нова алатка што може да ја зголеми слободата на парите низ целиот свет, вели Зао.
Фото: Facebook











