Покриеноста на увозот со извозот на Косово е 15,9%, покажуваат податоците од Агенцијата за статистика на Косово.
Извозот на стока во април оваа година изнесува 61,1 милион евра, а увозот достигнал 384,5 милиони евра, така што кај извозот има зголемување од 86,9%, додека кај увозот 98,2%, во споредба со април 2020 година, пренесува Танјуг.
Извозот го сочуваат 36% базични метали и производи од метал, 18,1% од различни готови производи, 11% преработена храна, алкохолни пијалаци, 7,6% тутун и 5% машини и електрични уреди.
Извозот на Косово во земјите членки на Европската унија е 18,9 милиони евра или 31% од вкупниот извоз, со раст од 77,8%. Главни извозни пазари во ЕУ биле Италија (9,1%), Германија (7,8%) и Бугарија (2,6%).
Кога станува збор за увозот, Косово најмногу увезува од: Германија (14,7%), Италија (5,4%), Словенија (4,5%) и Грција (3,3%).
Главни партнери за извоз на Косово во земјите на ЦЕФТА се: Албанија (15,6%), Македонија (11%), Србија (6,3%) и Црна Гора (3,4%).
Фото: Pixabay