Малопродажниот сектор во Велика Британија може да биде погоден од “цунами на затворања“ доколку владата ќе го продолжи мораториумот на присилно извршување на долгови, сметаат од британскиот малопродажен конзорциум (British Retail Consortium – BRC), пренесува Ројтерс.
Повикувајќи се на податоци од анкета, од BRC рекле дека сопствениците на недвижнини ги информирале голем број (две третини) од трговците во Велика Британија дека против нив ќе бидат поднесе правни постапки за поврат на неплатените кирии од први јули, кога истекува државниот мораториум.
Бројни трговци во Велика Британија, беа принудени да ги затворат своите продавници по бројните блокади поради пандемијата, во последните 15 месеци, насобирајќи неплатени кирии во износ од 2,9 милијарди британски фунти.
Пандемијата посебно го погоди овој сектор, а податоците покажуваат дека една од седум продавници е веќе празна.
Според податоците на BRC, околу 80% од кираџиите рекле дека нивните сопственици им рекле дека им даваат помалку од една година за да ги платат заостанатите долгови.
Фото: Pexels