Во првото тримесечје од 2021 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2020 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2,4%, трошоците за материјали за 4,6%, а трошоците за вработените се пониски за 1,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во првото тримесечје од 2021 година, во споредба со првото тримесечје од 2020 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 5,1%, трошоците за материјали за 4,5% и трошоците за вработените за 6,5%.
Фото: Pexels