Индустриското производство во април оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 46,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во периодот јануари – април 2021 година, во однос на периодот јануари – април 2020 година, е зголемено за 3,7%.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст од 16,9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 64,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 15,6%.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 45,8%, Капитални производи за 209,8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 78,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 36,6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 22,7%.
Фото: Pexels