Цените на горивата одат нагоре

135

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска малопродажните цени бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Со тоа, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 69,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво.

Новите цени стапуваат на сила од полноќ.

Фото: Freepik