Lufthansa планира повторно да активира до 50 дополнителни авиони во следните недели поради зголемената побарувачка, информира германската авиокомпанија.
“Бројот на резервации постојано расте веќе осум недели по ред, а минатата недела е остварен и значаен скок. Тоа се најдобрите седум денови од април 2020 година“, вели Хери Хојмастер, член на извршниот одбор на компанијата и нагласил дека за летовите во јули и август побарувачката е за 10 до 11 пати поголема одошто пред четири недели.
На некои рути побарувачката, според него, е над ниво од пред пандемијата.
Бројот на заразени од коронавирус во Германија веќе некое време се намалува, а резервациите се зголемуваат. Lufthansa планира повторно да воспостави од 30 до 50 дополнителни авиони во следните неколку недели, додека во текот на пандемијата приземји стотина авиони.
“Многу сме флексибилни во своето планирање и може за кратко време да понудиме доволно места“, рекол тој, додавајќи дека Lufhtansa може да лета со џамбо авиони на летови за коишто има голема побарувачка со 370 патници, наместо помали авиони за кратки релации со 180 патници.
Фото: Facebook