Европски авиокомпании бараат ограничување на правата на патниците за надомест за откажани летови

69

Европските авиокомпании порачаа дека ќе се обидат од Европската унија да побараат измени на одредбите за надоместоци и права на патниците за враќање пари за откажани летови за време на пандемијата.

Уредбата ЕУ261 значително ја влоши финансиската криза за многу авиокомпании, смета здружението Airlines for Europe, што ги застапува најголемите европски превозници.

“Бараме поурамнотежен пристап за заштита на потрошувачите“, рекол Бен Смит, извршен директор на Air France – KLM.

Патниците според европските прописи имаат право на моментален поврат на пари за откажаните летови, плус надоместоци ако информацијата за откажување ја добијат помалку од две недели пред летот. Имаат право и на надомест ако летот доцни повеќе од три часа.

“Законот не е доволно флексибилен за ситуации како што е масовно откажување на летови“, рекол Смит.

Комисијата навела дека не е подготвена да ги ограничи правата на патниците.

Фото: Freepik