Водечките нафтени компании прокнижија профит од над 46 милијарди долари за три месеци

47

Вкупниот профит на водечките 10 нафтени компании што котираат на светските берзи пораснаа на над 46 милијарди долари во првиот квартал од оваа година.

Тоа го покажуваат податоците на агенцијата Анадолија од нивните финансиски извештаи објавени на пазарот на капитал.

Овој резултат доаѓа по периодот на невообичаена волатилност и проблеми на пазарот на “црното злато“ во 2020 година, кога двата главни типови на нафта, брент и WTI, како меѓународни ценовни референци на овој пазар, бележат историски најниска вредност.

Според месечниот извештај на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОРЕК) од мај, пандемијата и дополнителните рестриктивни мерки, како и макроекономски ризици и глобалната геополитичка нестабилност, доведоа до пад на побарувачката од 99,76 милиони барели дневно во 2019 година на 90,05 милиони барел .

Првиот удар на пазарот на нафта беше лани во февруари, кога пандемијата почна да се шири низ светот. Северноморската сирова нафта брент, што се користи како главен стандард за формирање на цената на светскиот пазар, на 21-ви април се намали на 17,51 долари за барел. Цената на брент нафтата минатата година се намали за 32,8% на просечни 43 долари, создавајќи притисок врз билансот на состојба на многу нафтени компании.

Фото: Freepik