Цените на нафтата околу 74 долари

43

Цените на нафтата на меѓународните пазари се движи кон 74 долари, поттикнати од зголемената побарувачка во втората половина од годината.

На лондонскиот пазар цената на барел се зголеми за 78 центи на 73,64 долари, додека на американскиот пазар се тргувало по цена повисока за 88 центи, од 71,76 долари.

Според експертите, клучни причини за раст на цената на “црното злато“ е зголемената побарувачка и оптимизмот што владее на финансиските пазар.

Фото: Pexels