Компанијата Hyundai напредува со развојот на летачки автомобили и верува дека може да имаат летачко такси до средината на оваа деценија.
Ова за Reuters го откри директорот за глобални операции на Hyundai, Хосе Муноз кој рече дека комерцијалните летови би можеле да бидат реалност до 2025 година.
Тоа е уште порано од предвиденото, па Hyundai би можел да има летачко такси на поголемите американски аеродроми до 2028 година.
Компанијата неодамна инвестираше 7,4 милијарди долари во САД за производство на електрични автомобили, вклучувајќи ги и летачките автомобили.
Муноз рече дека Hyundai не сака да доцни. Предвидува дека пазарот на урбани градски летачки автомобили би можел да вреди до трилион долари до 2040 година.
“Кога станува збор за технологијата, никогаш не е прерано. Пионерите се победници“, рече Муноз.
Фото: Youtube Printscreen