Францускиот производител на автомобили, Renault постигна договор со синдикатите за хибриден начин на работа.
Новиот начин на којшто ќе работат вработените во оваа компанија ќе биде воведен во неколку фази, почнувајќи од септември оваа година. Компанијата ќе понуди поддршка и обука за тоа како е најдобро да се работи од далечина.
Хибридниот начин на работа ќе биде доброволен и заснован на дводневна работа од дома во текот на една недела, со можност за уште еден дополнителен ден по одлука на менаџерите.
Renault очекува дека 20.000 вработени во Франција ќе ја прифатат понудата за работа од дома што ќе покрие поголем дел од работните места, освен оние што се во линиите за производство.
Конкурентот на Renault, Stellantis којшто стои зад брендовите Peugeot и Citroen, договори сличен начин на работи со своите вработени во Франција.
Фото: Pexels