Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2020 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 685 бесправно изградени објекти.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 98 објекти за домување (14,3%), 114 доградби, надградби и адаптации (16,6%), 66 деловни објекти (9,6%), 52 гаражи (7,6%), 117 огради (17,1%), четири скалила (0,6%), 14 тераси (2%), 11 летни тераси (1,6%), 85 натстрешници (12,4%), 39 времени објекти (5,7%) и 85 помошни објекти (12,4%).
Најголем број бесправно изградени објекти (99%) се во приватна сопственост.
Фото: Pexels