Банка ја затвора вратата за невакцинираните: Влегување само по две дози на вакцина

48

На вработените и клиентите на мултинационалната инвестициска банка Morgan Stanley од Њујорк ќе им биде забранет влез во зградата освен ако не се целосно вакцинирани против коронавирусот.

Невакцинираните вработени ќе мора да работат од далечина, според извори запознаени со одлуката.

Новите правила ќе стапат на сила следниот месец за да се овозможи укинување на одредени ограничувачки мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата со Ковид-19. Минатата недела управата на банката ги повика вработените да се вратат во своите канцеларии, пренесува BBC.

Во интерен меморандум се наведува дека од 12 јули сите вработени, клиенти и посетители ќе треба да потврдат дека биле целосно вакцинирани за да влезат во просториите на зградата во Њујорк, како и до оние во Вестчестер.

Мorgan Stanley веќе издвои работни простории во некои одделенија во кои можат да влезат само вакцинираните.

На почетокот на овој месец, извршниот директор на банката, Џејмс Горман, рече дека ќе биде разочаран доколку вработените не се вратат во своите канцеларии до септември.

Фото: Facebook