Бензините од полноќ поскапуваат за 1,50 денари за литар, додека дизелот поскапува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 71 денар за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73 денари за литар.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 63 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 62,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,152 ден/кг.
Фото: Pixabay