Повисоки цени на индустриски производи на домашен пазар во мај

48

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во мај оваа година, се повисоки за 0,6% на месечно и за 6,1% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во мај 2021, во споредба со април 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 2,5% и Капитални производи за 0,3%.

Во мај 2021, во споредба со мај 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 12,9%, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,6%, Интермедијарни производи, освен енергија за 10,7%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5% и Капитални производи за 0,7%.

Фото: Pixabay