Во изминатата година се случија доста промени и придвижувања во бизнис структурата и стратегијата на Mercedes-Benz, а сега пристигнува најава и за нови промени.
Најголемиот дел промени во Mercedes во текот на изминатата година се дел од стратегијата на извршниот директор Ола Калениус, а имаат за цел да се фокусираат на поголема разлика во продажбата. Но, тоа не е се бидејќи сега, Daimler, матичната компанија на Mercedes, е на прагот да направи уште еден значителен потег и тоа уште оваа година. Според германскиот весник Automobilwoche, а пренесено од Automotive News, производителот планира да создаде нова бизнис група составена од AMG, Maybach и G-Класа. Уште поважно, оваа најава ќе се случи во септември на Салонот во Минхен.
Извори од Daimler за Automobilwoche истакнал дека потегот ќе ги рационализира трошоците за маркетинг во компанијата и ќе ги засили трите подбренда, кои се сметаат за важни столбови во новата стратегија. „Не само што ќе ја задржиме независноста, силните идентитети и еволвираните корпоративни култури на индивидуалните брендови, туку дополнително ќе ги прошириме и зацврстиме“, велат извори од Daimler.
Исто така, се открива и дека компанијата во моментов е во процесот на дизајнирање на новата бизнис група, како и евалуацијата на потенцијалот во различни полиња. Кога станува збор за лидерството, се очекува шефот на AMG Филип Шајмер да ги преземе раководни обврски, но тоа во моментов не е потврдено.
Она што се уште не е познато, а би требало да го дознаеме во следните неколку месеци, е финалната корпоративна структура на новата бизнис група која ќе биде составена од AMG, Maybach и G-Класа во рамките на Mercedes.
Преземено од Avtoplus.mk