Русија ја надмина Саудиска Арабија и стана втор најголем светски производител на нафта

77

Русија оваа година ја надмина Саудиска Арабија по дневното производство на нафта и стана втор најголем светски производител на “црно злато“ зад САД.

Според податоците, Русија во просек произведувала 10,36 милиони барели нафта дневно во период од јануари до мај оваа година, додека просечното американско производство изнесувало 11,10 милиони барели дневно, што таа земја ја прави најголем производител на овој енергент, пренесува Russia Today.

На трето место е Саудиска Арабија којашто во првите пет месеци од оваа година произведе 8,27 милиони барели нафта дневно.

Нафтата во вкупниот извоз на Русија, од јануари до мај оваа година, учествуваше со 41,3%. Сепак, извозот на нафта од Русија во текот на првите пет месеци од оваа година беше за 16,9% помал во однос на претходниот период.

Од почетокот на годината, Русија произвела 212,3 милиони тони нафта, што е за 6,2% помалку одошто истиот период лани. Се очекува раст на производството на руска нафта во следните месеци, бидејќи на месецов беше постигнат договор меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници за зголемување на производството за 400.00 барели дневно, почнувајќи од почетокот на август.

Фото: Pexels