Вкупна сеопфатна добивка од 22.804.000 денари во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година прикажа компанијата Грозд од Струмица, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период минатата година, добивката на компанијата беше 2.901.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно крајот на јуни оваа година, имаа вредност од 120.593.000 денари. Од нив на домашен пазар отпаѓаат 101.886.000 денари, додека остатокот од 18.707.000 денари е реализација на странски пазар.
На крајот на јуни минатата година, вкупните приходи од продажба на Грозд беа на ниво од 100.585.000 денари.