Цените на нафтата оваа година се зголемија за 44%

53

Цените на нафтата на меѓународните пазари се зголемија на околу 75 долари за барел, пред извештајот од којшто се очекува пад на американските залихи над очекувањата.

На лондонскиот пазар пазар цената на барел нафта се зголеми за 23 центи и изнесуваше 74,71 долар. На американскиот пазар скокот на цената беше за 33 центи на 71,98 долари за барел.

Залихите на сирова нафта на САД се намалија повеќе од очекувањата на аналитичарите за 4,7 милиони барели, дознава Ројтерс од два извора коишто се повикуваат на податоци од Американскиот институт за нафта.

Цените на нафтата оваа година се зголемија за 44%, најмногу поради закрепнување на пазарите и намалената понуда од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници.

Тие се согласија од август да го зголемат снабдувањето за 400.000 барели дневно и дополнително да ги намалат минатогодишните рекордни намалувања, но некои аналитичари сметаат дека тоа нема да биде доволно бидејќи очекуваат зголемување на побарувачката за оваа година.

Фото: Pexels