Германскиот производител на автомобили, Volkswagen во првото полугодие од оваа година оствари рекордна оперативна добивка од скоро 11,4 милијарди евра.
Резултатите се остварени и “покрај постојаното предизвикувачко окружување“ и по загубата од 1,5 милијарди евра колку што имаше на почетокот на годината. Оперативната добивка во првата половина од годината ги надмина минатогодишните резултати.
По оданочување, добивката изнесува 8,4 милијарди евра, за разлика од загубата во истиот период минатата година што надмина милијарда евра.
Извршниот директор, Херберт Дис, рекол дека продажбата на луксузни автомобили со маржа повисока од 10% била “посебно добра“.
Фото: Pexels