General Motors повлекува повеќе од 73.000 електрични возила од пазарот

76

Американскиот автомобилски гигант General Motors објави на својата веб -страница дека повлекува од пазарот повеќе од 73.000 електрични автомобили Chevrolet Bolt. “General Motors доброволно го прошири повлекувањето на електричните возила на Chevrolet Bolt произведени во 2019 година и сите возила 2020-2022 година, вклучувајќи го и моделот Bolt EUV (електричен теренец). Во ретки случаи, батериите за овие возила можат да дадат дефекти, што го зголемува ризикот од пожар“, се вели во соопштението.

Компанијата проценува дека замената на неисправни батерии ќе резултира со една милијарда американски долари вонредни трошоци.