Русија не сака да презема итни мерки: Нафтениот пазар се стабилизира по ударот на омикрон

Русија, засега, не мисли дека ОПЕК + треба да преземе какви било итни мерки поради појавата на новиот вид коронавирус, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак за новинарите на маргините на руско-кинескиот енергетски бизнис форум.

Новак забележа дека цената на нафтата, откако синоќа загуби 10 отсто од вредноста поради појавата на новиот вис омикрон, денеска се зголеми за речиси 4 отсто.

„Засега треба да се следи. Не треба да се носат избрзани одлуки“, додаде тој.

Според него, секогаш кога ќе се појави нов вид, пазарот го оценува, бидејќи владите на различни земји можат да донесат различни рестриктивни мерки.

„Затоа треба да следиме како сега ќе се развива ситуацијата. Треба внимателно да го следиме пазарот и како тој влијае на побарувачката“, заклучи Новак.