Цените на нафтата на светскиот пазар денескасе во пад за повеќе од два отсто по медиумските извештаи во кои беше изразена ефикасноста на вакцината против Ковид -19 против сојот омикрон.
Во Лондон цената на суровата нафта брент од Северното Море падна за 1,82 долари или 2,5 отсто и сега изнесува 71,62 долари за барел.
Во Њујорк цената на суровата нафта е пониска за 1,61 долар или 2,3 отсто и изнесува 68,34 долари за барел.
Цените на нафтата паднаа за околу 12 отсто на крајот од минатата недела поради стравувањата дека мутираниот вид на коронавирус омикрон може да доведе до нови блокади, што ќе го попречи и глобалниот економски раст и побарувачката на нафта.
Директорот на американската фармацевтска компанија Модерна, Стивен Бансел, претходно изјави дека вакцината веројатно нема да биде толку ефикасна против омикрон како што беше со претходниот вид.











