Кинескиот производител на електрични автомобили EdisonFuture го претстави својот иден електричен соларен пикап EF1-T. Станува збор за прилично интересно дизајниран модерен камион, кој покрај електричниот погон, се издвојува и со соларен покрив што се повлекува.
Кога целосно ќе се отвори, сончевиот колектор го покрива товарниот простор и на целото возило му дава елегантна и аеродинамична странична линија.
Мал „проблем“, сепак, е фактот што EF1-T многу наликува на Cybertruck на Tesla.
Навистина, се работи за малку поконвенционална изведена каросерија, без остри рабови и монолитна конструкција од не’рѓосувачки челик отпорен на куршуми – но сепак, многумина сепак ги потсетува на најавениот Cybertruck.
EdisonFuture вели дека соларните табли ќе можат да додадат околу 40-55 километри досег по целодневна изложеност на сонце, а вкупниот проценет опсег со едно полнење на батеријата ќе биде нешто повеќе од 700 километри.
Од нула до 100 км/ч, EF1-T би требало да забрза за помалку од 4 секунди, додека вкупната носивост ќе биде до 5 тони, сето тоа во најмоќната верзија.
Како и Cybertruck, и овој камион ќе се нуди во три верзии – со еден, два или три електрични мотори. Цените се уште не се објавени, а производителот најавува достапност во текот на 2025 година.
Cybertruck треба да пристигне на пазарот на крајот на следната година. Цените ќе се движат од 40.000 долари и нагоре.











