Гугл го прави својот прв паметен часовник кој би можел да се појави на пазарот следната година

110

Гласините за овој уред се појавуваат со години, а во текот на 2022 година конечно би можел да се појави.

Инсајдерски извори блиски до Google тврдат дека компанијата планира да објави свој паметен часовник во 2022 година.

Часовникот го има кодното име Rohan, би ја користел платформата Wear OS, а би требало да има исклучително атрактивен дизајн – тркалезен дисплеј, но без физички рамки.

Кога станува збор за перформансите, Rohan треба да ја има вообичаената поддршка за мерење на отчукувањата на срцето и батерија која ќе бара полнење на дневна основа.

Репортерот, за сајтот The Verge, истакна дека паметниот часовник на Google треба да чини повеќе од Fitbit и ќе служи како конкуренција за Apple Watch.

Во однос на софтверот, Рохан би послужил како средство за промовирање на платформата за паметни телефони на Google – Wear OS 3.

Засега Google не ги коментираше наводите и информациите дека подготвува сопствен паметен часовник и покрај тоа што медиумите и корисниците со нетрпение чекаат да видат што компанијата има да понуди на пазарот на часовници