Извршниот директор на Better.com, Вишал Гарг, преку Zoom повик известил 900 вработени дека добиле отказ непосредно пред божиќните празници.
Гарг објаснил дека компанијата за хипотекарни заеми отпушта околу 9 % од своите работни сили. “Доколку сте на овој повик, вие сте дел од несреќата група која е отпуштена”, рекол Гарг. “Вашиот работен однос тука престанува веднаш”.
Како што пренесува CNN, Гарг на вработените им порачал наскоро да очекуваат мејл со детали за бенифиции и отпремнина.
Гарг ги навел пазарната ефикасност, перформансите и продуктивноста како причина за отпуштањето.
Списанието Fortune подоцна известило дека Гарг ги обвинил вработените дека крадат од своите колеги и купувачи така што се непродуктивни и работат само два часа дневно.
“Ова е втор пат во кариерата да правам нешто вакво и не сакам да го правам. Последен пат кога го направив, плачев”, рекол Гарг кој овој пат бил краток и не покажувал никакви емоции.
Герг потенцира дека управниот одбор и инвеститорите на компанијата „целосно го поддржале“ укинувањето на работните места и начинот на кој е постапувано.











