По 16 години Германија се збогува со канцеларката Ангела Меркел. Имаше паради, многумина и оддадоа почит, но можеби најоригиналното збогување од една од најмоќните жени во светот има шведската компанија Икеа.
На социјалните мрежи се прошири фотографија од рекламата на Икеа за фотелјата STRANDMON во која седи Меркел. Од профилот се гледа облечена во сако кое со годините стана нејзин заштитен знак.
Секако се работи за фотомонтажа, а рекламата во препознатливиот стил на Икеа е придружена со натпис ‘Конечно дома’. Компанијата јасно алудира дека, по 16 години владеење, на Меркел конечно и е потребен одмор, во мир во нејзиниот дом. Се разбира, во фотелјата на Икеа.