Волстрит дели огромен профит со своите банкари во ерата на Ковид-19

JPMorgan Chase и Goldman Sachs планираат да ги наградат своите инвестициски банкари со големи божиќни бонуси оваа година, по бумот во склучувањето на зделките за време на пандемијата. Се очекува JPMorgan да го зголеми својот бонус за инвестициско банкарство за околу 40%, додека Goldman Sachs може да ги зголеми бонусите до 50%, според извори цитирани од Ројтерс.

Во 2021 година, инвестициските банки генерираа значителни профити поради рекордното ниво на трансакциска активност, жешкиот пазар на ИПО и растот на акциите, бидејќи мерките за економски стимул им помогнаа на глобалните берзи да достигнат историски највисоки нивоа.

„Плаќате за задржување, а не само за перформанси“, изјави за „Блумберг“ Ерик Добкин, банкар ветеран кој поминал речиси половина век во Goldman Sachs пред да се пензионира во 2016 година.

„Оваа година, компаниите можеби ќе треба да платат повеќе за да ги задржат луѓето што најмногу ги сакаат“, додаде тој.

Минатиот месец, њујоршката консултантска фирма Johnson Associates рече дека Волстрит ќе го забележи најголемото зголемување на бонусите досега. И ова е сосема во ред, со оглед на напорната и профитабилна година.

Според информациите, стимулациите на крајот на 2021 година, вклучително и паричните бонуси и наградите за акционерскиот капитал, ќе бидат значително повисоки од минатата година, кога беа поделени и парични бонуси.