Кинеска компанија за управување со инвестиции „исчезна“ со 313 милиони долари

Компанијата, која порано беше еден од најголемите кинески инвеститори во недвижности, вели дека „го изгубила контактот“ со финансискиот менаџер, кој има 313 милиони од нивните пари. China Fortune Land Development вели дека China Create Capital, регистриран на Британските Девствени Острови, требало да инвестира во нејзино име.

Fortune Land им кажале на инвеститорите дека го пријавиле проблемот во полицијата во Пекинг.

Овој месец, компанијата ги претстави плановите за реструктуирање на своите долгови откако не успеа да плати обврзници од милијарди долари, јавува Би-Би-Си.

Во 2018 година, една од странските операции на Fortune Land потпиша договор со кој му довери на Wingskengo Ltd услуги за управување со инвестиции на инвеститор, според документот доставен до Шангајската берза оваа недела.

Во поднесокот понатаму се наведува дека, според упатствата на Wingskengo, Fortune Land префрлил 313 милиони долари на China Create Capital.

Fortune Land соопшти дека очекува инвестицијата да генерира годишна каматна стапка од 7% до 10% до истекот на договорот кон крајот на 2022 година.

Сепак, Fortune Land посочува дека сега не е во можност да стапи во контакт со Create Capital, додавајќи дека „нема начин да се процени“ какво влијание ќе имаат парите што недостасуваат врз нејзината сегашна и идна добивка.

Како и неколку други големи кинески компании за недвижнини, Fortune Land забележа пад на нејзините акции во последните месеци бидејќи индустријата беше погодена од должничка криза. Нејзините акции котирани во Шангај изгубија повеќе од 70 отсто од вредноста оваа година откако не ги исполнија финансиските обврски.

Сепак, Fortune Land претходно овој месец соопшти дека група доверители одобриле план за реструктуирање на долгот. Договорот понуди потенцијален спас за високо задолжената компанија откако оваа година плати долг од милијарди долари.