Видео: Робот импресионира со човечки изрази на лицето

100

„Ameca” – ова е името на новиот хуманоиден робот кој нема реална коса и кожа, но има човечки изрази на лицето со природен изглед. Може да покаже лица на изненадување, тага, радост, чудење.

Првично, кога беше вклучен, „Ameca” покажа израз на збунетост. Се чини дека е личност која се буди. Потоа покажува мало изненадување кога ги движи рацете – гестовите со рацете исто така изгледаат сосема реално. Потоа изгледа изненадено кога ги гледа луѓето околу него, можеби се насмевнува, раскажува „Engadget“.

Креатор на роботот е Engineered Arts – компанија која разви уште еден сличен робот со човечки карактеристики, познат како „Mesmer“. Има лесни движења на главата, но лицето му е статично – ова навело некои да го споредат со луѓе кои претерале со инјекции за да ги измазнуваат брчките со ботокс, што им го оневозможувало изразот на лицето.

Сега „Ameca” многу повеќе личи на човечко суштество – движењата на главата, лицето, вратот, рацете и дланките се јасно изразени и реални. Engineered Arts забележува дека ниту еден од неговите роботи не може да оди – иако компанијата работи на тоа. Таа додаде дека „Ameca“ е „платформа за развој на AI“ која им овозможува на другите да ги креираат потребните алгоритми за машинско учење.

Нема официјални информации за цените или достапноста на ниту еден робот, но се вели дека нивната вредност може да биде околу или над 80 илјади долари. Се очекува компанијата да ја прикаже „Ameca“ на CES 2022 во Лас Вегас.

Секако, видеата со „Ameca“ шокираа многу гледачи кои ја гледаа снимката на социјалните мрежи. Многумина одговорија со „О, ужасно!“