Мајкрософт за 16 милијарди долари купува компанија која се занимава со вештачка интелигенција

119

Европската комисија му даде зелено светло на Мајкрософт да ја купи Nuance Communications, компанија специјализирана за вештачка интелигенција и говорна технологија, со вредност на трансакцијата од 16 милијарди долари.

Тоа ќе биде втора по големина аквизиција на Мајкрософт, по купувањето на LinkedIn од 26,2 милијарди долари во 2016 година. Со новото купување, Мајкрософт сака да го зголеми своето присуство во областа на облак здравствените услуги.

Мајкрософт веќе има дозвола од американските и австралиските регулатори да го купи Nuance. Комисијата соопшти дека нејзината анализа на договорот открила дека тој нема значително да ја загрози конкуренцијата на пазарите за софтвер за транскрипција, облак услуги, деловни комуникациски услуги, компјутерски оперативни системи и слични производи.

„Предложената трансакција не предизвикува загриженост за конкуренцијата на ниту еден од пазарите што се испитуваат во европската економија”, соопшти Комисијата.

Nuance, со седиште во САД, опслужува 77 отсто од болниците во САД и помогна во лансирањето на виртуелниот асистент на Apple Siri.

Комисијата соопшти дека ги испитала можните тешкотии, кои вклучуваат преклопување на активностите на софтверот за транскрипција на Microsoft и Nuance, и откри дека тие нудат „многу различни производи” кои, заедно, ќе продолжат да се соочуваат со силна конкуренција од другите играчи. Технолошките компании ги зголемуваат аквизициите на компаниите фокусирани на вештачката интелигенција, бидејќи сe повеќе ги интегрираат овие технологии во нивните производи и услуги.