Apple ги затвори сите 12 продавници во Њујорк поради зголемениот број случаи на инфекција со омикрон сојот на коронавирус низ Соединетите држави.
Потрошувачите ќе можат да купуваат и примаат стоки со испраќање онлајн нарачки до продавниците, изјави во понеделникот портпаролот на Apple, пренесува Reuters. Меѓу затворените продавници се најпрометните продавници на Петтата авенија, Гранд Централ и СоХоу.
„Редовно ја следиме ситуацијата и ги прилагодуваме нашите здравствени мерки и услуги со цел да го заштитиме здравјето на клиентите и вработените“, се вели во соопштението на компанијата.
На почетокот на овој месец, Apple привремено затвори три продавници во Соединетите Држави и Канада по зголемувањето на случаите на Ковид и изложеноста на вработените на ризик од инфекција.
Од истата причина, компанијата воведе обврска за сите клиенти и вработени да носат маски во продавниците во САД.
Загриженоста за варијантата омикрон на вирусот ги поттикна големите компании ширум светот да ги заострат протоколите.